Јуниорите на Хајдук приредија голема сензација откако на „Пољуд“ го совладаа Манчестер Сити со 2-1 и со тоа се пласираа во четвртфиналето од младинското натпреварување во Лигата на шампионите.
За „белите“ погодија Роко Брајковиќ кој пред само два дена играше и за првиот тим на дербито против Динамо Загреб на „Максимир“ како и Мате Антуновиќ. Оскар Боб постигна гол за Сити.
Хајдук од 83. минута играше со фудбалер повеќе откако бепе исклучен Финли Барнс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА