Супер-трансфер: Саздовска потпиша за шампионот на Германија!

Македонската ракометна репрезентативка Јована Саздовска направи одличен трансфер откако денеска потпиша договор со екипата на Турингер. Таа долго време чекаше пред да го донесе конечниот избор за следна дестинација по заминување од Вардар, за на крајот да постигне договор за соработка со актуелниот првак на Германија, во чиј дрес ќе настапува и во Лигата на шампионите.

„Пресреќна сум што овој трансфер во Турингер ми овозможува да направам чекор напред во кариерата. Бев пресреќна по разговорите со Милер и со раководството на Турингер, интересот на овој клуб ми годеше бидејќи најважно ми беше да играм во екипа со победнички менталитет. Знам дека Турингер доминира во Германија во последните години, повторно ќе игра во ЛШ и сето тоа само ми ја олесни работата. Ме радува и што ќе работам со Херберт Милер, тренер кој има многу добра репутација и во Македонија, бидејќи има помогнато да се развијат голем број на ракометарки“ – изјави Саздовска при потписот на договорот.

Според договорот, Саздвоска ќе мине најмалку две сезони во Турингер, истиот е потпишан со важност до јуни 2020 година.

Се вчитува...