Македонските кошаркари во баскет 3х3 остварија огромен успех, стигнувајќи до гоолемото финале на Европското училишно првенство што се одржува во Белград. Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски се имињата во македонскиот состав кои на фантастичен начин го презентираат македонскиот училишен спорт, но и кошарката севкупно на големата сцена.
Нашите кошаркари повторно блеснаа, па во денешното полуфинале за ривал ја имаа селекцијата на Хрватска 2, која беше декласирана со убедливи 22-9.
Македонија ја продолжи победничката серија, откако групната фаза ја заврши со максимални пет победи во исто толку натпревари, на кои додаде уште две – во четвртфиналето и денеска во полуфиналето.
Противник на нашите млади кошаркари во големото финале, што ќе се игра денеска со почеток во 12 часот, ќе биде селекцијата на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
