Супер вест за Анчелоти: Бензема се враќа во тимот на Реал!

Голгетерот на Реал мадрид, Карим Бензема по повредата конечно се враќа на зелениот терен и му се става во целосно располагање на тимот и тренерот Карло Анчелоти. Оваа супер вест доаѓа откако Реал остана без повредениот Лука Модриќ.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Францускиот напаѓач поради повредата мораше да паузира речиси четири недели, но сега се опорави и во недела треба да биде подготвен за дуелот против Осасуна.

„Среќен сум што се вратив. Имав време да тренирам. Се чувствувам многу добро и удобно. Едвај чекам да играм во недела“, изјави најдобриот стрелец на Мадрид.

Бензема својот последен натпревар за Реал го одигра на 6 септември во Лигата на шампионите против Селтик кога беше принуден да го напушти теренот на половина од првото полувреме поради повреда.

Се вчитува...