Супер вест за Хрватска: Гвардиол се враќа за Манчестер сити

Хрватските фудбалски фанови имаат причина за задоволство по денешната вест дека Јошко Гвардиол е подготвен за камбек на фудбалските терени.

Најдобриот дефанзивец на „коцкестите“ заработи тешка повреда пред неколку месеци, по што се стравуваше дека тој нема да може да се рехабилитира навреме за да настапи на СП 2026.

Рехабилитацијата се забрза во последните триесетина дена, за Гвардиол вечерва да се најде дури и на списокот на играч на Пеп Гвардиола за заостанатиот премиерлигашки дуел со Кристал Палас. Хрватот дури и ќе биде стартер на вечерашниот натпревар, како јасен знак дека повредата е минато за него.

Се вчитува...