Фудбалерите на Јувентус, Пауло Дибала и Џорџо Киелини тренираа со тимот и ќе му бидат во целост на располагање на Масимилијано Алегри за реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Виљареал.
Дибала и Кјелини го пропуштија првиот натпревар против Виљареал, на 22 февруари во Шпанија, а веб-страницата „Гол“ објави дека двајцата тренирале со тимот во неделата и дека ќе бидат во тимот на „Старита дама“.
Во првиот натпревар Виљареал и Јувентус одиграа нерешено 1-1. Реваншот е закажан за в среда од 21 часот во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА