Супер ждрепка за Шкендија и за 2. коло: Против Торпедо од Грузија или Шериф од Молдавија!

Доколку го мине првото квалификациско коло против велшкиот Њу Сентс, тетовска Шкендија во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Торпедо од Грузија и Шериф Тираспол од Молдавија.

Јасно е дека молдавски Шериф е фаворит во пресметката со Торпедо, па се очекува Шкендија да се соочи со молдавскиот шампион ако го мине претходно тимот на Њу Сентс од Велс.

Првите натпревари од 2. квалификациско коло за ЛШ се играат на 24./25. јули, а реваншите се на 31. јули/1. август.

Се вчитува...