Супербоул: Канзас Сити и Сан Франциско ќе се борат за трофејот „Винс Ломбарди“

Актуелниот шампион на НФЛ лигата, Канзас Сити и Сан Франциско се пласираа на Супербоулот кој оваа година на 11. февруари ќе се одржи во Лас Вегас.

Канзас Сити до најголемиот спектакл во овој спорт стигна славејќи во финалето на Американската фудбалска конференција против Балтимор со 17-10, додека Сан Франциско во Националната фудбалска конференција забележа победа над Детроит со 34-31.

За Канзас Сити тоа е четврт пласман на Супербоулот во последните пет години, а овој натпревар воедно ќе претставува и реванш на битката за трофејот Винс Ломпарди од 2020 година.

 

Се вчитува...