Три недели не делат од почетокот на Светското првенство во Катар, а во пресрет на спектаклот, Англичаните повторно го активираа суперкомпјутерот кој по своите параметри пресмета дека првак на светот ќе биде Аргентина.
Вештачката интелигенција користи податоци од сите репрезентации за нивната форма, квалитетот на играчите, распорецот и позицијата на ранг листата на ФИФА…
Аргентинците кои се во низа од 34 натпревари без пораз во финалето треба да се сретнат против Португалија и да ја освојат третата светска титула по 1978 и 1986 година. Пресметката на суперкомпјутерот без размислување би ја прифател Меси кому му недостасува само овој трофеј од витрините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА