Европскиот првак Ливерпул и освојувачот на трофејот во Лигата на УЕФА, тимот на Челси, вечерва ќе ја имаат јубилејната 60. пресметка во 21.век. Тоа е дуел меѓу две екипи од Англија што најчесто се среќавале во меѓусебни мечеви во Англија.
За првпат во историјата Ливерпул и Челси ќе играат за трофејот во Суперкупот на Европа.
„Почеток е на сезоната, но секогаш е предизвик кога се игра за европски трофеј. Ќе биде тоа голема англиска пресметка, се надеваме дека ќе успееме да донесеме уште еден пехар во клупските витрини“, изјави Вирџил ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул.
Челси е во полоша ситуација, немаше право на нови трансфери, а новиот менаџер Франк Лампард со убедлив пораз од Манчестер Јунајтед дебитираше на клупата во првото коло од Премиер – лигата. Но, верува во тимот и очекува добро издание.
„Челси е подготвен, ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме нашите навивачи. Имаме проблеми со повреди, но нема да се жалиме, ќе истрчаме и ќе се бориме за трофејот“, изјави Франк Лампард.
Суперкупот на Европа се игра вечерва на стадионот „Водафон парк“ во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА