Фаворитите стигнаа до сигурни победи во првите три натпревари од 15. коло во женската ракометна суперлига. ЖРК Металург беше убедлив против Овче Поле со 35-22. Биљана Дамчевска со 10 гола беше најефикасна кај победникот, додека кај поразените Марија Анчева заврши со осум гола.
До лесна победа стигна и ЖРК Вардар кој триумфираше над Спартак со 31-22. Ивона Трпевска со десет гола беше прво име кај „вардарки“, додека кај Спартак Ана Марија Коларовска погоди осум пати.
Деспина го декласираше Пелистер со 32-19. Најдобар поединец кај Деспина беше Тамара Седлоска со седум гола, додека кај битолчанки по седум постигнаа Белевска и Јанкуловска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА