Суперлигата е „жива“, започнува наскоро со нов формат?

Проектот за формирање на фудбалска Суперлига каде ќе се натпреваруваат најдобрите европски тимови одекна како вистинска бомба во јавноста, но траеше само два дена по кои великаните на европскиот фудбал под притисок на УЕФА отстапија од првичниот план.

Сепак идејата продолжи да живее преку спортската развојна компанија „А22 Спортс Менаџмент“, а денеска повторно е актуелна во јавноста откако првиот човек на Суперлигата Бернд Рајхарт излезе со видео порака. Истата ја споделија „најгласните“ во желбата за ново првенство, Барселона и Јувентус.

„Сосема е разбирливо да се очекува почеток на Суперлига во сезоната 2024/25. Верувам во дијалог со кој ќе се најде одржлив модел за европскиот фудбал. Проектот повторно е пратен на проценка, а се збори и за отворено натпреварување и нема збор за тоа дека некои клубови ќе имаат право на постојано натпреварување во Суперлигата“, вели Рајхарт.

Големата замерка кон Суперлигата беше „затворениот формат“, нешто што УЕФА го карактеризираше како спротивно на идејата за фудбал, а во новиот план ќе дозволи учесто и на „помали клубови“.

Се вчитува...