Суперлигата ќе ја тужи УЕФА

Компанијата која стои зад проектот „Суперлига“ ќе ја тужи Европската фудбалска федерација (УЕФА) и нејзиниот претседател Александар Чеферин.

Поводот за тужбата е тоа што од „Суперлигата“ сметаат дека италијанскиот великан Јувентус бил уценет од страна на УЕФА. Се барало од „старата дама“ да се откаже од целиот проект наречен „Суперлига“, а во замена за тоа да не биде суспендиран од три до пет години од европските натпреварувања.

Компанија „А22“ која стои зад целиот проект објави дека има цврсти и несоборливи докази дека УЕФА го уценувала Јувентус за ова во замена да му прогледа низ прсти за прекршување на финансискиот фер-плеј, а тужбата има основа зашто шпанскиот трговски суд лани донесе одлука дека „УЕФА не смее да уценува ниту еден клуб, ниту да се заканува, ниту да ги казнува ако клубот е дел од проектот или сака да се приклучи на проектот Суперлига“.

Се вчитува...