Суперпресврт на Гостивар, чудесна серија од 24-0 и победа над Кожув

Гостивар и Кожув одиграа дуел кој комплетно го оправда позицијата на дерби на петтото коло во одмашниот кошаркарски шампионат. Двете екипи имаа по една половина од средбата, а Гостивар со спекатакуларна серија од 24-0 која траеше од крајот на третата и во речиси поголем дел од последната четвртина, комплетно ја анулираше предноста на Кожув и на три минути пред крајот имаше 12 поени предност.

Кожув цели девет минути беше без постигнат поен и поради тоа ја загуби предноста од 12 поени од финишот на третиот сегмент. Гостивар славеше со 81-71 и ја забележа четвртата победа сезонава, има и еден пораз и девет бода. Кожув останува на седум бода и биланс 3/2.

Донован Доналдсон со 31 поен го предводеше Гостивар до овој триумф, Ѓорѓе Џелетовиќ имаше 17 поени. кај Кожув Иван Пејн заврши со 23 поени. Бојан Трајковски имаше 14 поени.

Гостивар сега ја предводи групата од екипи со биланс 4-1 и е лидер на табелта пред Еуроникел, Работнички и пред МЗТ Скопје Аеродром. Кожув е петтопласиран.

 

Се вчитува...