Супершоу во Лос Анџелес: Каваи одигра шампионски против Леброн (ВИДЕО)

Големото дерби на Лос Анџелес во кое претендентите за титулата одиграа суператрактивен натпревар, а Клиперс славеа со 112-102 над Лејкерс донесе одличен почеток на сезоната во НБА лигата. Драма имаше и во воведниот дуел во кој шампионот, Торонто дури по продолжение го пбоеди Њу Олреанс со 130-122.

„Клиперс“ ја имаа контролата над резултатот во текот на речиси цели меч, „Лејкерс“ најсериозно се заканија со пресврт во третата четвртина кога со одлична серија дури и дојдоа до водство. Сепак „Клиперс“ не дозволија да го пркоцкаат она што го одработија во втортата четвртина која ја добија со високи 40-29 и направија опиплива дистанца. „Лејкерс“ убедливи само во третата четвртина, но домаќинот повторно ја презеде контролата во завршниот сегмент кој го доби со 10 поени разлика и забележа триумф токму со 10 поени предност.

Кај „Клиперс“ кои се без Пол Џорџ, очекувано, Каваи Ленард беше лидер со 30 поени, шест скока и пет асистенции. Лу Вилијамс имаше 21 поен, а одличен беше и Мантрез Херел со 17 поени. „Лејкерс“ ги предводеше Дени Грин кој постигна 28 поени, Леброн Џејмс имаше 18, а Ентони Дејвис 25 поени, но двајцата комбинирано, во вторто полувреме постигнаа вкупно 11 поени.

Шампионот, Торонто мораше да игра дополнителни минути за триумф на стартот од сезоната над Њу Орлеанс. Во драматичниот финиш на регуларниот дел, „Пеликанс“ пропуштија прилика за триумф, а потоа во екстра периодот, кај Торнто проработеа Марк Гасол, Фред ВанВлит и Кајл Лаури по што првакот дојде до победата.

Ванвлит и Сјакам со по 34 поени беа најефикасни во победничкиот тим, Лаури постигна 22, Ибака додаде 13. Кај Њу Ореланс, Брендон Инграм со 22 поени беше прв стрелец, Џеј-Џеј Ридик уфрли 17, а Џош Харт 15 поени.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...