Супертрансфер: Наташа Андонова го засили ПСЖ

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова направи супер-трансфер, откако од шведскиот Розенгард се пресели во редовите на Пари Сен Жермен. Таа и официјално стави потпис на договор со ПСЖ и во преостанатиот дел од сезоната ќе се обиде да му помогне на овој тим да стигне до нови успеси. Андонова, сепак, поради настапот за Розенгард во првиот дел од сезоната, нема да може да му помогне на ПСЖ во обидот да ја освои Лигата на шампионите во женска конкуренција.

natasa andonova psg

Раководството на францускиот гигант ПСЖ вложува огромни средства дури и во женскиот тим и сака да застане на врвот од Европа. За таа цел, покрај Андонова во тимот за вториот дел од сезоната е ангажирана и Амандин Анри.

Се вчитува...