Суринам – „светска фудбалска сила“ која никогаш не постоела!

Руд Гулит, Џими Флојд Хаселбенк, Кларенс Сидорф, Франк Рајкард… сето тоа се имиња кои своевремено доминираа со европскиот и светскиот фудбал претставувајќи ја Холандија, но малку познато е дека всушност тие имаат потекло од најмалата држава во Јужна Америка, Суринам.

Како самостојна држава функционира од 1975 година, но од 17. век, па се до 19. век беше колонија на Холандија.

Фудбалската репрезентација на оваа земја се наоѓа на 125. место на ФИФА ранг листата, но нивниот ранг со сигурност ќе беше поинаков доколку голем дел познати фудбалари кои го облекоа националниот дрес на „лалињата“, не се откажаа од играњето за нивната родна држава. Во денешно време, репрезентацијата на Суринам во главно се состои од фудбалери кои настапуваат во домашното првенство, само двајца среќата ја најдоа во странсвто, поточно само двајца не се откажаа од Суринам за да заиграат под знамето на Холандија.

gullitrijkaard

Кон крајот на осумдесетите години во холандскиот фудбал беше во голем подем на клупско и репрезентативно ниво, истовремено со осамостојувањето на Суринам, па така 200.000 граѓани ја напуштија земјата упатувајќи се кон Холандија, а меѓу нив се најдоа и голем број на фудбалери кои имаа квалитети за европски фудбал, среќата ја бараа во холандското првенство. Владата на оваа земја превзеде „анти-колонистички“ мерки, поточно забрана за двојно државјанство за секој кој ќе го напушти Суринам и ќе се пресели во Холандија, иако овој потег повеќе им наштети ним, отколку на самите поединци. Најмногу претрпе нивната репрезентација, квалитетните играчи кои одеа во странство беа спречени да заиграат за својата земја, па холандската фудбалска федерација им понуди да заиграат за нивната репрезентација и да ги претставуваат на најголемите натпреварувања.

Од 1993 до 2013 година, еднаш годишно се огранизираше ревијален натпревар на кој настапуваа фудбалери со суринамско потекло и специјално поканет тим. Во 2005 година, ѕвездите како Најџел Де јонг, Едгар Давидс, Марио Мелкиот и многу други настапија за тимот со името „Сурипрофс“ на пријателскиот меч.

Во 2014 година се покрена иницијатива за двојно државјанство, а за фудбалерите со суринамско потекло значеше дека ќе можат конечно да ја претставуваат земјата од каде потекнуваат. Стотици фудбалери беа контактирани да дадат одговор дали би заиграле доколку се сменат законите, а дури 85 играчи од дијаспората изразија желба да играат под знамето на Суринам. Сепак промената на законите никогаш не се случи, па така згасна и последната надеж на жителите на оваа држава да го видат својот национален состав на некое Свестко првенство.

Dutchs-Georginio-Wijnaldum-celebrates-a

Според последни истражувања во Холандија, дури 150 фудбалери кои играат или играле во минатото во холандското првенство и репрезентацијата, се родени или имаат потелко од Суринам.

Од модерната ера се издвојуваат неколку фудбалери: Мичел Ворм, Џорџинио Вајналдум, Рајан Бабел, Џефри Брума, Жаиро Ридевалд, Урби Емануелсон…

Се вчитува...