Суровиот модерен фудбал: Шефилд Јунајтед на прагот да остане без клупската легенда

Суровоста на модерниот фубал во кој доколку немате резултати – „летате“, на своја кожа ќе ја осети и легендарниот тренер на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер кој по неверојатни пет години е на прагот да ја напушти клупата на клубот од „Брамал Лејн“, пренесуваат англиските медиуми.

Бајката на 53-годишниот Англичанец и клубот од Северен Јоркшир започна во 2016 година кога Вајлдер го превзема тимот кој во тој момент имаше еден освоен бод по четири натпревари во Лига 1, третиот ранг по натпреварување во Англија, а сезоната ја заврши со рекордни 100 бода.

Две сезони подоцна, Шефилд Јунајтед заврши како второпласиран во Чемпионшип и избори место во „англиската елита“ каде во претходната сезона неговиот фудбалски систем со игра 3-5-2 му го донесе седмото место на табелата. Преголемиот број на повреди и проблемите предизвикани од коронавирусот ја нарушија стабилноста па тимот оваа сезона, па истиот е на прагот на враќање во вториот ранг на натпреварување откако по 28 кола има освоено само 14 бода, 12 помалку од 17. пласираниот Брајтон.

Се вчитува...