Суровоста на Џордан – Зошто плачеш? Јас сум тој што ти донесе прстен

Се уште се сумираат впечатоците од документарниот филм „Последниот танц“ кој ги урна сите рекорди на гледаност во Соединетите Американски Држави. Многу пати во овој серијал од десет епизоди можеше да се види суровоста на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Тоа ја покажува и реченицата која „Ер-Џордан“ му ја кажал на својот соиграч Џон Клајн по финалето во 1998 година.

„Зошто плачеш? Јас сум човекот кој играше и ти донесе прстен“, изјавил Џордан. 

Клајн 1998 година во регуларниот дел од сезоната одиграл само 46 натпревари, а во плеј-офот не настапил на ниту еден меч.

 

Се вчитува...