Суспензија од 10 натпревари за кошаркарот кој се предозираше со гумени бонбони

Мајами Хит го суспендираше Дион Вејтерс на десет натпревари поради тоа што 27 годишникот ја изгуби свеста во текот на летот кон Лос Анџелес откако се предезориал со гумени бонбони. Кошаркарот ја изгубил свеста, а потоа имал напад, но за среќа веднаш му е дадена медицинска помош и се избегнати поголеми проблеми.

„Вознемирени сме поради однесувањето на Дион сезонава. Веќе имаше неколку ситуации кога тој со неговот однесување му наштети на клубот. Поради тоа е суспендиран на 10 натпревари. Вејтерс ќе се врати за натпреварот против Голден Стејт на 29. ноември“, стои во соопштението од клубот. 

 

Се вчитува...