Суспензија за Вуко Борозан, парична казна за „средниот прст“ на Дибиров

Вардар ќе мора да се снаоѓа без помошта на Вуко Борозан на следниот натпревар од Лигата на шампионите против Брест Мешков, откако ЕХФ реши дополнително да го казни бекот на „црвено-црните“ за грубиот старт врз Јурецки и црвениот картон заработен на гостувањето против Кјелце.

„Вуко Борозан доби директен црвен картон по 13:05 минути игра за удирање на противникот во пределот на лицето. Ова однесување е преагресивно и невнимателно, претставува сериозна опасност за физичкиот интегритет на противникот и затоа Борозан се казнува со еден натпревар неиграње“ – се вели во „пресудата“ на Дисциплинската комисија.

Тимур Дибиров е казнет од 3.000 евра поради покажаниот среден прст кон навивачите на Кјелце, исфрустрирана реакција на крилото на Вардар по првиот пораз сезонава.

Алекс Душебајев, кој исто како и Борозан доби црвен картон на дуелот меѓу Кјелце и Вардар, не заработи дополнителна суспензија.

Се вчитува...