Сведоштво за несреќата на Кузмиќ: Премина на нашата лента, од автомобилот ечеше музика

Кошаркарот на Црвена звезда, Огнен Кузмиќ се бори за живот во клиниката во Белград по тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово во близина на Бања Лука. Тој со свои пријатели се враќал од свадба кога удрил во автомобил од спротивната страна во кој, пак, бил боксерот од БиХ, Дражен Јањанин.

„Се враќав од Минхен, а пријателот дојде по мене во Бања Лука. Околу пет часот наутро зад кривината пред нашите очи одеднаш се појавија светла, а потоа автомобилот со голема брзина премина на нашата лента. Мојот пријател кој возеше успеа некако да се тргне на страна, но сепак автомобилот успеа да не закачи на задната лева страна и потоа се превртувавме неколку пати на крај застанувајќи на кров“ – ја опишува Јањанин големата несреќа.

Автомобилот во кој се наоѓал Кузмиќ, пак, се превртувал повеќе од 200 метри пред да застане на кров…

„Го скршив прозорот, го извлеков пријателот од нашиот автомобилот. Отидовме веднаш до другиот автомобил, а од него се слушаше гласна музика. Се обидовме да ги извлечеме но не можеше. За брзо дојдоа пожарникарите и ги извлекоа од автомобилот“ – вели Дражан Јањанин.

Боксерот и неговиот пријател се со полесни повреди, додека Кузмиќ веднаш беше префрлен со хеликоптер во Белград, со сериозни повреди на градите и главата, и во моментов е во кома.

Се вчитува...