Светислав Пешиќ главен предавач на задолжителната тренерска клиника во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите македонски тренери дека годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје, а главен предавач ќе биде еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци – Светислав Пешиќ.

Станува збор за тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење.

Член на Куќата на славните на ФИБА, европски и светски шампион со репрезентации, освојувач на титулата во Евролигата и еден од најпочитуваните тренерски авторитети во светската кошарка,

Пешиќ своето богато искуство ќе го пренесе на македонските тренери преку дводневна стручна едукација.

Клиниката е наменета за сите македонски кошаркарски тренери, а присуството е задолжително, бидејќи претставува еден од основните услови за добивање тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2026/27.

Во текот на двата дена, учесниците ќе имаат можност непосредно да се запознаат со современите тренерски принципи, методологијата на работа и филозофијата на еден од најуспешните европски стратези, што претставува исклучителна можност за стручно усовршување на македонската тренерска фела.

Се вчитува...