„Светот е отиден во к…ц, најдобриот голфер е црнец, а најдобриот рапер – белец“

Чарлс Баркли важеше за еден од најдобрите кошаркари во текот на кариерата, но покрај кошаркарските квалитети тој остана запаметен и по низата инциденти и незгодниот темперамент што го поседуваше. Неговите изјави се уште се прераскажуваат во спортските кругови, па така Баркли има изјавено дека „би работел и за Кју Клукс Клан“ доколку му платат доволно, а кога ја заврши кариерата првото нешто што го каже беше: Сега сум во пензија. Точно она што и треба на Америка, уште еден црнец без работа.

Тој на теренот во американскиот дрим-тим имаше добра соработка со Мајкл Џордан, но во приватниот живот немаше високо мислење за асот на Чикаго.

Мајкл не е опкружен од добри профеисоналци. Му треба некој што ќе му го покаже вистинскиот пат, што ќе му зборува нешто против него, ќе го нервира за да биде уште подобар“, велеше Баркли за „Ем-Џеј“, а нема добро мислење ниту за Леброн Џејмс.

Леброн е вистински плачко, цело време се жали како никој не му помага. Освојува титули, а сепак ги критикува соиграчите“, истакна Чарлс Баркли за „Кралот Џејмс“.

Медиумите се потсетија и на неговата изјава околу изборот на универзитет.

„Кога отидов во Обурн универзитетот и ме однесоа во стриптиз-клуб… веднаш знаев дека нивниот образовен систем е она што мене ми треба“.

„Знаете дека светот е отиден во к…ц кога најдобриот голфер е црнец, а најдобриот рапер – белец“, изјави Баркли за Тајгер Вудс и Еминем.

Се вчитува...