Светот не верува, твитерот тагува… Почивај во мир, Коби Брајант (ФОТО)

Светот не може да поверува. Ниту неговите најблиски колеги од НБА – лигата, ниту спортистите, ниту неговите фанови, обичните смртници. Замина Коби Брајант, во хеликоптерска несреќа во Јужна Калифорнија го загуби животот. Легендите живеат вечно…Твитерот полуде, целиот свет тагува…

„Срцето ми се скрши по оваа вест. Беше вистинска легенда и голем пријател. Почивај во мир“, порача долгогодишниот ривал на Брајант, францускиот плејмејкер Тони Паркер.

„Се уште не можам да поверувам“, гласеше кратката порака на Усаин Болт.

„Се тресам. Боже, ова не може да биде вистина“, напиша Лука Дончиќ на својот профил на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...