Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација

Од 21. до 30. ноември македонската сениорска кикбокс репрезентација ќе настапи на ВАКО светското кикбокс првенство за сениори и ветерани во Абу Даби, ОАЕ.

Нашата земја ќе настапи со 8 натпреварувачи во 9 натпреварувачки влезови. Репрезентацијата ја предводи селекторот Дејан Митровски – Урко и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски, а во составот влегоа Бобан Илиоски, Силвио Мировски, Лука Ќипровски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре Велков, Стефан Михајловски и Климент Грозданоски. На светското првенство учество ќе земат 2522 натпреварувачи од 90 држави од целиот свет.

„Нашата репрезентација е супер подготвена и е составена од искусни и квалитетни борци, дел од најуспешните и докажани и дел од најѓладите сениори кој за првпат ке настапат на сениорско светско првенство. Од нив шест ќе настапат на ринг и двајца на татами борилиштата. Конкуренцијата е огромна, секој натпреварувач во својата категорија ке има од 13 до 28 противници. Ни претсојат тешки борби, но подготвеноста, квалитетот и мотивацијата во нашата репрезентација е голема и како и секогаш ќе атакуваме на светските медали. Очекувам убав пат, успешно мерење и добар ждреб, а потоа да покажеме што знаеме и можеме. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди“, изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кикбокс Маитаи ферација на Македонија. 

Се вчитува...