Светскиот првак Данска си оди дома, откако Унгарците го победија Исланд

Европското ракометно првенство понуди нов шок со елиминацијата на актуелниот свески и олимписки првак Дамска уште во првата рунда од шампионатот. Данците се во солзи и ќе си заминат дома, откако Унгарија го совлада Исланд со 24-18 и со пет бода ќе заврши како првопласирана во групата Е.

Исланд имаше водство од 12-9 на полувремето, но потоа се случи голем пресврт. Избраниците на Гудмундсон паднаа во голема криза во нападот, не постигнаа гол повеќе од осум минути во вториот дел, а тоа Унгарците знаеја да го искористат. Направија целосен пресврт и во последните десет минути влегоа со предност од три гола (20-17). На крајот славеа сосема заслужено со 24-18. Најдобар поединец на мечот беше унгарскиот голман Роланд Миклер кој имаше 14 одбрани.

Данска во последниот меч од групата ќе игра вечерва против Русија, но веќе нема шанси за пласман во главната фаза од ЕВРО 2020.

Се вчитува...