Светскиот вицешампион елиминиран во квалификациите за Мундобаскет

Светскиот вицешампион Аргентина нема да биде дел од собирот на најдобрите кошаркарски репрезентации во септември оваа година откако „гаучосите“ претрпеа елиминација во американските квалификации со поразот од 75-79 на домашен терен од Доминиканска Република.

Факундо Кампацо и соиграчите имаа позитива и од 17 поени во еден дел од мечот, но одиграа катастрофална последна четвртина. Постигнаа само 11 поени, а гостите 25 со што стигнаа до целосен пресврт и големо славје пред преполната арена.

Тоа ќе биде прво Светско првенство кое Аргентина ќе го порпушти по 1982 година.

Се вчитува...