Светскиот вицешампион, нов десен бек на Рома

Рома успеа да доведе нов десен бек откако „волчицата“ ги финишираше преговорите со Атлетико Мадрид за Нахуел Молина, аргентинскиот репрезентативец кој стана светски вицепрвак со „гаучосите“ на последниот мундијал.

Молина е добро познат во италијанската јавност по неколкуте одлични сезони во дресот на Удинезе, од каде во трансфер од 20 милиони евра беше продаден во Атлетико Мадрид. Аргентинецот не беше најстандарден кај Диего Симеоне, летово влезе во последната година од договорот, што беше причина мадридскиот клуб да ја прифати понудата од почетни 13 милиони евра (плус четири милиони преку клаузули) и да даде зелено светло за неговото враќање во Калчо-лигата.

Молина веќе ги договори личните услови со Рома за плата од 2,7 милиони евра по сезона, па се чека уште надминувањето на последните бирократски пречки за овој трансфер да биде комплетиран.

Воедно, аргентинскиот дефанзивец поседува и шпански пасош што е многу важно за Рома бидејќи ја остава можноста за уште еден трансфер на играч надвор од ЕУ во овој преоден рок.

Се вчитува...