Светското првенство во бокс за жени одложено поради Ковид-19

Меѓународната боксерска федерација (АИБА) го одложи Светското првенство во бокс за жени во Истанбул за март следната година, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на корона вирусот. Светското првенство во женска конкуренција требаше да се одржи во Истанбул од 6 до 19 декември.

Последното Светско првенство во бокс за жени се одржа во 2019 година. Минатата недела во Белград заврши Светското првенство во машка конкуренција.

„Добиените информации покажуваат дека голем број на држави се соочуваат со тешка ситуација и ограничувања поврзани со пандемијата. Првенството во бокс ќе биде органзиирано во подобри времиња, здравјето пред се’…“, соопшти АИБА.

Се вчитува...