Свијонтек супериорно до полуфинале на Ролан Гарос

Ига Свијонтек продолжува со извонредни игри на Ролан Гарос, откако полската тенисерка по елиминацијата на Симона Халеп стигна до уште една убедлива победа, за пласман во полуфиналето од францускиот гранслем турнир. Свијонтек денеска за противничка ја имаше Италијанката Тревисан, но лесно го скрши нејзиниот отпор препуштајќи и само четири гејма.

Првиот сет заврши со резултат 6-3 за Свијонтек, за во вториот експресно да поведе со 3-0 и на крајот да слави со 6-1, за своето прво гранслем-полуфинале во кариерата. Таму полската тенисерка ќе се сретне со уште една тенисерка која не е носителка, Аргентинката Подороска, која денеска ја елиминираше Свитолина.

Се вчитува...