Свирежи за Душебаев, овации за Циндриќ во „Јане Сандански“… (ВИДЕО)

Поранешните „вардарци“ кои во моментов настапуваат за полски Кјелце, Алекс Душебаев и Лука Циндриќ сосема различно беа дочекани од вардаровите навивачи пред денешниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кјелце во „Јане Сандански“ во Скопје.

Вардаровите фанови го паметат дуелот на Душебаев со Данил Шишкарев од претходниот меѓусебен дуел на двата тима кога заработи и црвен картон, па сега со свирежи го пречекаа во Скопје.

За разлика од него, пак, Лука Циндриќ со овации беше пречекан при претставувањето од вардаровите навивачи и македонските љубители на ракометот.

Се вчитува...