„Таа селекција на ЕП 2011 беше вистинско семејство – Колку само го гушкаа и тешеа Дамјан Стојановски…“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гости двајца актери од македонската кошарка, од оние златни години на овој спорт кога дојдовме и до четвртото место во Европа, тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски како и еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски.

Осврнувајќи се на бројни теми од домашната кошаркарска сцена, неизбежно еден од нашите најдобри кошаркари во историјата, Тоше Гечевски се потсети и на единството кое владееше во онаа наша златна репрезентација од Европското првенство 2011 во Литванија.

„Ден-денеска кога ќе се сретнеме во некои слободни моменти секогаш се потсетуваме на тие прекрасни спомени од тоа време. Имаше и многу тешки моменти и многупати сме се и карале, меѓутоа, на сите, колку што јас знам, на сите ни остана еден добар период на едно дружење, на едно добро време, на едно пријателство, на едни добри успеси. Иако, и не биле секогаш само успеси. Имало и моменти каде што сме губеле натпревари, каде што ни било многу тешко, ама тогаш сме си подавале рака едни на други. И пак, по тие тешки моменти доаѓале много убави…“ – вели Тоше Гечевски.

Илија Мерџановски, пак, се потсетува колку бил горд што живееле сите кошаркари како едно семејство, и на моментот кога сите го гушкале и тешеле Дамјан Стојановски по мечот со Русија.

„Никогаш во тимот немало меѓусебно обвинување. Сме се бодрале, што е многу важно. Значи, најлесно е кога ќе изгубиш да покажеш прст на некого. Не, тие момци секогаш седнуваа и се бодреа и штитеа меѓу себе. Се сеќавам кога Дамјан (Стојановски) на ЕП 2011 во Литванија промаши на мечот против Русија, положувањето на крајот. Не знаете колку го гушкаа, го тешеа…. Тоа беше тим“ – се потсетува и Илија Мерџановски.

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ТОДОР ГЕЧЕВСКИ И ИЛИЈА МЕРЏАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….
==================================================

Се вчитува...