Таеквондистот Дејан Георгиевски во полуфиналето на Медитеранските игри

Македонија е на чекор до нов медал на Медитеранските игри во Тарагона. Нашиот натпреварувач во таеквондо, Дејан Георгиевски, се пласираше во полуфиналето на турнирот откако го совлада третопласираниот во светот, словенечкиот репрезентативец Иван Трајковиќ.

Европскиот шампион Георгиевски победи со златен поен, откако во регуларниот тек борбата заврши 28-28, а негов противник во полуфиналето ќе биде Јиоан Мианг.

Претходно, Дејан Георгиевски го победи италијанскиот шампион Матео Милани со 23-14.

Се вчитува...