Таири уште две години во дресот на Струга Трим Лум

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум го продолжи договорот со Фљамур Таири. Играчот за врска и во наредните две сезони им останува верен на стружани и ќе биде дел од средниот ред на тимот.

Стружани се разделија со Арбен Тафе. Дефанзивецот не најде заеднички јазик за продолжување на соработката и ќе ја промени средината во претстојниот летен преоден рок.

Струга Трим Лум со големи амбиции влегува во новата сезона откако минатата беше дебитант во елитната конкуренција.

Се вчитува...