Таири верува во триумф на Струга ТЛ, Ренова по победа во Беласица

Капитенот на Струга ТЛ, Фљамур Таири, верува дека неговиот тим може да дојде до триумф на првиот пролетен натпревар, против Македонија Ѓорче Петров, како начин за остварување на целите оваа сезона.

„Очекувам дуелот со Македонија ЃП да биде квалитетен натпревар на два добри тима. Ние сме подготвени за почетокот на вториот дел од првенството. Фокусирани сме на дуелот со Македонија ЃП на кој секако сакаме триумф. Сакаме да почнеме добро, за да го отвориме патот за постигнување на нашите цели“ – вели Таири.

Срѓан Захариевски на овој натпревар ќе го има на располагање целиот тим, со исклучок на Блертон Шеји, кој е суспендиран поради жолти картони.

Во Тетово, пак, ќе се соочат Ренова и Беласица. „Гипсарите“ веруваат дека можат до три бода и покрај тоа што струмичани сега се под водство на поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски, а дополнително засилени со неколку квалитетни фудбалери.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

ПРЕТХОДНО (13.02.2021)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1

Се вчитува...