Американскиот голфер, Тајгер Вудс се подготвува за настап на првиот Мастерс од 2015 година. Некогаш најдобриот голфер во светот имаше долга пауза исполнета со афери и тешки здравствени проблеми. Во изминатите три години зад него се четири операции на грбот и иако стравуваше дека после тие интервенции никогаш повеќе нема да заигра, тој сега е подготвен да се врати на турнирот во Аугуста што го освојуваше четири пати.
„Добив втора шанса во животот. Јас сум чудо на две нозе“ – истакна 42-годишниот голфер.
Тајгер Вудс во својата кариера има 14 титули светски шампион во голф. Иако долго време беше надвор од голф-терените, тој сепак ваѓи за еден од фаворитите на турнирот.
„Дојдов да победам. Од ден во ден сум се подобар и навистина се радувам што ќе изиграм на Мастерсот, тоа е најдобриот турнир во светот“ – вели Тајгер Вудс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА