„Тајната вечера“ во Барселона траеше кратко…, Бартомеу бара итен состанок со Меси (ВИДЕО)

Лионел Меси побара прекин на соработката со Барселона, и покрај тоа што раководството на каталонскиот клуб засега одбива да го ослободи. Една од главните причини за цврстата одлука на Меси да замине од клубот е решението на новиот тренер Роналд Куман да го ослободи од обврските неговиот голем пријател и соиграч, Луис Суарез.

Само ден откако Суарез ја доби веста дека повеќе нема да се смета на него, Аргентинецот веднаш побара заминување од клубот предизвикувајќи вистински хаос.

Синоќа, шпанските медиуми „уловија“ и тајна вечера во Барселона меѓу Лионел Меси и Луис Суарез. Се зборува дека тоа претставувало еден вид вечера за збогум меѓу двајцата кои очигледно одат на различни страни во кариерите. А, која траела исклучително кратко.

 

Во меѓувреме пак, претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу официјално побара итен состанок со Лионел Меси како би го убедил да остане во клубот. Од раководството на Барселона веќе зазеле јасен став – воопшто нема да се разгледуваат понудите на другите клубови за трансфер на Лионел Меси, чиј договор истекува во јуни следната година.

Бартомеу вчера имаше средба со генералниот директор, техничкиот секретар и спортскиот директор на клубот носејќи одлука да нема продажба на најдобриот светски фудбалер на сите времиња. Првиот човек на каталонскиот тим, како што пренесува „Мундо депортиво“, сака сега во четири очи да го убеди Меси дека неговата најдобра опција е да ја заврши кариерата во Барселона.

Се вчитува...