Тајсон Фјури победнички се врати во рингот против гостиварецот Сефери

Некогашниот светски првак во тешка категорија Тајсон Фјури по две и пол години пауза повторно се врати во рингот, и тоа победнички. Тој славеше триумф против гостиварецот Сефер Сефери, кој се повлече во четвртата рунда.

Фјури приреди мало шоу на публиката, но, сепак, не прикажа завиден квалитет во рингот. Првиот сериозен удар го зададе дури кон крајот на првата рунда. Потоа го засили ритамот, зададе во серија неколку силни удари во четвртата рунда, па Сефери иако ја издржа на нозе, сепак се повлече.

Ова е 26.победа во кариерата за Тајсон Фјури, кој најави дека повторно ќе атакува на шампионските појаси.

Се вчитува...