Тајсон Фјури се поврзува со криминална банда

Еден од најдобрите светски боксери на денешницата и шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури се поврзува со криминалната банда Кинахан.

Станува збор за банда од Ирска на чие чело е Даниел Кинахан кој во минатото на Фјури му беше советник. Криминалната банда е создадена пред 30 години, а делува во Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Република Ирска и Шпанија. Главни надлежности и се продавање на дрога и перење пари, а се поврзува и со убиства.

Се вчитува...