Тајсон Фјури се враќа во рингот

По две и пол годишно отсуство, Тајсон Фјури во јуни повторно ќе се врати во рингот. Неговиот агент и промотор Франк Варен, потврди дека 29-годишниот боксер ќе се бори на 9 јуни во Манчестер.

Противникот на Фјури се уште не е познат, но извесно е дека овој меч ќе биде загревање за најавениот меч против Ентиони Џошуа кој треба да биде договорен до крајот на годинава.

Тајсон Фјури последниот меч го имаше во ноември 2015 година кого го симна од тронот легендарниот Владимир Кличко, но потоа следуваа проблеми со депресијата и пад на допинг тестот.

На крајот од минатата година боксерот најави дека сите проблеми ги остава зад себе и се враќа во рингот, а големото враќање ќе се случи во јуни.

Во својата професионална кариера Фјури има победи во сите 25 борби од кои 18 ги заврши со нокаут на противникот.

Се вчитува...