Тајсон и коронавирусот: Не се плашам, и се радувам на смртта, живеењето ми е потешко

Поранешниот светски првак во тешка категорија, Мајк Тајсон призна дека не се плаши од смртта. Мајк многу помина во животот, беше неприкосновен во рингот, но беше проблематичен надвор од него. Во 1992. година беше казнет на шест години затвор поради силување, а единаесет година подоцна прогласи банкрот.

„Дали се плашам од смртта? Не се плашам. Животот е далеку посложен од смртта. За живот е потребна поголема храброст. Без храброст невозможно е да се носиш со проблемите кои ги носи животот. Животот е борба, патување. Дури и луѓе кои имаат се, не можат да се носат со животот, мора да се борат. Кога ќе добиеме слава се сметаме за посебни, но искрено славата е безвредна. Не си посебен поради неа“, изјави Тајсон. 

Мајк Тајсон во кариерата имаше 50 победи, од кои дури 44 беа со нок-аут. Шест пати беше поразен, а две борби завршија без победник.

Се вчитува...