Така прават големите клубови: Баерн Минхен ќе го чека Мусиала колку и да е потребно, нема да се купи фудбалер на негово место

Раководството на германскиот гигант Баерн Минхен изрази сериозна загриженост за здравствената состојба на својата млада ѕвезда Џамал Мусиала, но воедно му понуди и безрезервна поддршка во овој тежок период. Од таборот на баварците јасно му ставиле до знаење на фудбалерот дека неговото здравје е на прво место и дека клубот ќе застане зад секоја негова одлука.

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн му ветил на Мусиала дека доколку реши привремено да се повлече од фудбалот за целосно да закрепне, клубот ќе го чека онолку долго колку што е потребно. Актуелниот договор на играчот би останал на сила, а од „Алијанц арена“ нагласуваат дека финансиската страна воопшто нема да биде пречка. Дополнително, клубот нема намера да купува директна замена, верувајќи во капацитетот на моменталниот играчки кадар.

Иако во овој момент Мусиала не размислува за прекин на кариерата и сака да продолжи да игра, подолга пауза останува како реална опција доколку здравствените проблеми се повторат во иднина.

Се вчитува...