„Такси Меси“: Суарез на аеродром место клупските шофери го доби Лео Меси

Луис Суарез можел да бира како ќе се врати во својот дом во Барселона по враќањето од репрезентативните обврски во Јужна Америка. На располагање му биле сите клупски шофери или специјален превоз по нарачка, но Уругваецот сакал да се „натовари“ на соиграчот од Барса и свој добар пријател Лионел Меси.

Меси слетал од Аргентина нешто порано од Суарез, пречекан од сопругата. Суарез, пак, на аеродромот беше „нападнат“ од бројни новинарски екипи и симпатизери на Барса кои сакаа селфи-фотографии… Но успеа да се пробие до својот „такси“ превоз… Интересно, Меси воопшто не размислувал што треба да го почека околу еден час Луис Суарез на аеродромот… Трпеливо чекал за својот пријател…

Се вчитува...