Талалајев: Имаме предност, но Вардар е квалитетен тим

Ерменскиот Пјуник со предност од 1-0 допатува во Скопје од Ереван, откако славеше на првиот дуел на домашен терен против Вардар. Утревечер на арената „Филип Втори“, избраниците на Андреи Талалајев ќе имаат тешка задача да го одбранат минималното водство. Но, тој се надева дека неговиот тим ќе биде конечен победник.

„Вардар е квалитетен тим, го знаеме тоа. Ние имаме многу млади фудбалери, а утре нема да ни играат двајца важни играчи. Но, ќе се трудиме да одиграме најдобро што знаеме, и ќе се надеваме дека тоа ќе биде доволно за да се пласираме во следното коло. Би сакале да ја сочуваме предноста. Да, Вардар има нов тренер, но мислам дека тоа нема да биде пресудно, ниту пак премногу да промени во нивната игра и стратегија. Има уште 90 минути, и уште многу борба овде во Скопје“, истакна тренерот на Пјуник.

Се вчитува...