Талески е „тигар“: Татабања го промовираше Македонецот

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Талески од денеска и официјално е нов ракометар на унгарскиот амбициозен прволигаш Татабања.

Со овој потег доскорешниот ракометар на Вардар се враќа на интернационалната сцена откако претходно настапуваше и за Рајн Некар Левен, Балинген и Бенфика.

Талески со Татабања ќе забележа излез и во интернационалните првенства бидејќи овој клуб се натпреварува во ЕХФ Европскиот Куп.

Се вчитува...