Филип Талески по една полусезона во унгарскиот шампионат повторно ги пакува куферите, откако левиот бек синоќа се збогуваше од тимот на Татабања.
„Бомбардерот“ ја почна сезонава во Вардар, незадоволен од минутажата реши да си замине од таборот на „црвено-црните“, но ниту во Татабања не ја доби улогата што ја посакуваше. На крајот, тој преку порака се збогуваше од унгарскиот клуб, како најава за нов трансфер во текот на летово.
„Неверојатна беше можноста да се носи овој дрес. Татабања можеби е мал град, ама има огромен ракометен дух. Благодарност до сите во тимот и до едни од најдобрите навивачи“, напиша Талески на својот инстаграм профил.
Останува да го почекаме следниот потег во кариерата на левиот бек, дали ќе се врати назад во мак-ракометот или ќе се реши за нов странски ангажман.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
