Талески одличен во финалето од Супер-купот на Португалија

Филип Талески влегува во одлична форма неспоредно пред почетокот на ЕП 2024 откако македноскиот ас одигра извонреден натпревар за Бенфика во финалето од Супер-купот на Португалија против големиот ривал Спортинг Лисабон.

Талески беше меѓу најдобрите поединци на теренот, постигна шест гола за Бенфика, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф бидејќи Спортинг одигра одличен офанзивен дуел и триумфираше со 38-34.

Во секој случај, радува одличната форма на нашиот „бомбардер“, кој нема дилема дека ќе биде еден од главните адути на Македонија на претстојниот европски шампионат.

Се вчитува...