Талески победи на гости кај Манасков, Лазаров со многу мака го реши Червар

Резултатската криза во Веспрем уште повеќе се продлабочи откако тимот на нашиот Дејан Манасков загуби уште еден натпревар на домашен терен, овојпат од Филип Талески и Рајн-Некар Левен со 28-29. Давид Дејвис барем засега не се покажува како соодветно тренерско решение откако по слабите игри во домашното првенство сега загуби и домашен меч во ЛШ, за дополнителен пад на Веспрем во групата во која се наоѓа и нашиот првак Вардар.

Филип Талески и Дејан Манасков го завршија натпреварот со по еден гол, а најефикасни на натпреварот беа Шмид, Колбахер и Радивојевиќ со по шест погодоци кај германскиоот клуб, додека Мае постигна пет гола за Веспрем.

Кире Лазаров и Нант прокнижија нови бодови, иако потешко од очекувањата го совладаа Загреб предводен од Лино Червар со 23-20. Хрватскиоот клуб одлично го почна натпреварот и благодарение на извонредната одбрана имаше водство од 1-6, но Лазаров и соиграчите се разбудија во вистински момент и направија целосен пресврт. Македонскиот ракометар постигна пет погодоци и беше најефикасен во таборот на Нант, кој остана на третото место во групата, зад ПСЖ и Пик Сегед.

Се вчитува...