Талески: Потфрливме, но одиме понатаму

mec baner

Разочарувањето кај македонските ракометари по поразот од Словенија (22-29) беше видливо и разбирливо. Сепак, добро е што денеска македонската репрезентација има пауза да се одморат играчите и да се направи стратегија за последните два натпревари во групата, утре против Шпанија и наредниот ден против Исланд.

„Одбраната беше на многу ниско ново, не функционираше најдобро  ни нападот, имавме многу избрзани шутеви. Но, пред се, потфрливме во одбраната и мислам дека тука е тој пораз во овој меч. Преку одбраната се добиваат натпревари, но ние не бевме на посакуваното ниво и Словенија заслужено победи. Не не изненадија со ништо, тоа е нивната игра – брз центар, брза полуконтра, нивите средни бекови разигруваат добро. А ние едноставно немавме ден. Одиме понатаму. Не очекуваат уште два тешки натпревари во групата. Се надевам дека ќе одиграме многу подобро“, вели Филип Талески.

Се вчитува...